Историја на болницата

Патот на нашиот развој низ годините

Почетоците на една визија

Клиничката болница Жан Митрев ги постави темелите на современата кардиоваскуларна медицина во Македонија во 1999 година, кога како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ започна со работа во адаптиран простор на Воената болница во Скопје.
Визијата на академик д-р Жан Митрев уште од самиот почеток беше јасна – да се создаде медицинска установа која ќе работи според највисоки светски стандарди, со фокус на квалитет, безбедност и резултати.

Клучни моменти низ годините

2000

Прва бај-пас операција во Македонија

На 1 март 2000 година официјално започнува со работа болницата, а е изведена и првата бај-пас операција во државата, предводена од академик д-р Жан Митрев – историски момент за македонското здравство.

Иновации во кардиохирургијата

– Прва операција на отворено срце врз буден пациент
– Започнување на третмани за вродени срцеви заболувања
– Поставување на првиот ASD occluder кај дете на 4-годишна возраст
Истата година болницата добива и целосно реновиран, современ оддел поради зголемениот број пациенти.

2002

2008

Нов дијагностички центар – 24/7 грижа

Со отворањето на новиот дијагностички центар, болницата станува еден од водечките центри во регионот, со континуирана достапност на врвна дијагностика.

10.000 операции

Десетгодишнината од основањето е одбележана со над 10.000 успешно изведени операции – потврда за довербата на пациентите и експертизата на тимот.

2010

2016

Нов објект – нов стандард

Со отворањето на новиот објект по повод 16 години постоење, Клиничката болница Жан Митрев добива петкратно зголемен капацитет, изграден според највисоки меѓународни стандарди, со врвна медицинска опрема и максимална комфорност за пациентите и персоналот.

JCI – Златен стандард за квалитет

Во октомври 2017 година, болницата ја добива JCI акредитацијата и станува прва болница во регионот со овој златен печат за квалитет и безбедност.
Следуваат:
– JCI реакредитација (2020)
– Државна акредитација за квалитет (2018)

Овие признанија се потврда за континуираната посветеност кон безбедноста на пациентите и медицинска извонредност.

2017 – денес

Лидер и визионер

Академик д-р Жан Митрев

Покрај клиничката работа, академик д-р Жан Митрев активно учествува во научни и едукативни активности. Во 2002 година е промовиран во академик, а тимот предводен од него редовно ги презентира своите резултати на меѓународни конгреси.

Болницата и нејзиниот основач се добитници на бројни меѓународни награди и признанија, меѓу кои и престижната награда од Europe Business Assembly и Сократ комитетот за најдобар здравствен менаџер и болница.