ЕЛЕКТРОФИЗИОЛОГИЈА

Современа дијагностика и третман на нарушувања на срцевиот ритам.

Преглед на одделот

Одделот за електрофизиологија обезбедува современа дијагностика и третман на нарушувања на срцевиот ритам. Во одделот се изведуваат електрофизиолошки студии, аблација на аритмии, имплантација на пејсмејкери, уреди за срцева ресинхронизација, имплантибилни кардиовертер дефибрилатори и loop recorder уреди.

Целта е прецизно да се открие причината за неправилниот срцев ритам и да се избере најсоодветниот третман, со индивидуализиран пристап за секој пациент.

Болести / Состојби

Во одделот се дијагностицираат и третираат:

  • Атријална фибрилација
  • Атријален флатер
  • Суправентрикуларни тахикардии
  • Вентрикуларни тахикардии
  • Брадикардија и нарушувања на спроводниот систем
  • Синкопа, губиток на свест и вртоглавици од непозната причина
  • Палпитации и неправилна работа на срцето
  • Срцеви аритмии кои не можат да се дијагностицираат со неинвазивни методи
  • Срцева слабост со потреба од ресинхронизација
  • Животозагрозувачки аритмии и ризик од ненадејна срцева смрт

Дијагностика и третмани

Во одделот се применуваат следните процедури:

Инвазивно испитување при кое со специјални електродни катетери се анализира електричниот систем на срцето, со цел да се открие и лоцира причината за аритмијата. Катетрите се внесуваат преку вени во препоните, раката, рамото или вратот и овозможуваат снимање на интракардијален ЕКГ.

Електрофизиолошката студија се користи кај пациенти кај кои симптомите не можат да се објаснат со стандардно ЕКГ или Холтер мониторинг.

Во текот на испитувањето може да се процени дали терапијата со лекови е доволна или е потребна дополнителна интервенција.

Минимално инвазивен третман при кој преку катетер се аплицира топлинска, радиофреквентна или криоенергија, со што се прекинува абнормалниот електричен пат кој ја предизвикува аритмијата. Оваа метода се користи кај атријална фибрилација, атријален флатер, суправентрикуларни и вентрикуларни тахикардии.

Современа технологија која овозможува тродимензионален приказ на електричната активност на срцето и прецизно лоцирање на местото од каде потекнува аритмијата. Со ова се овозможува попрецизна и побезбедна аблација, особено кај сложени аритмии и атријална фибрилација.

Подкожно поставување на мал уред за долготрајно следење на срцевиот ритам кај пациенти кај кои симптомите постојат, но не е регистрирана аритмија на стандардно ЕКГ или Холтер. Уредот континуирано снима и меморира ЕКГ сигнали.

Имплантација на уред кој испраќа електрични импулси и го регулира срцевиот ритам кај пациенти со брадикардија или други нарушувања на спроводниот систем.

Имплантација на бивентрикуларен пејсмејкер кај пациенти со срцева слабост и нарушена синхронизација на срцевите комори. Терапијата овозможува поефикасна работа на срцето и подобрување на симптомите. CRT-D уредите воедно овозможуваат и заштита од опасни аритмии.

Имплантација на уред кој постојано го следи срцевиот ритам и автоматски испорачува електричен импулс или шок доколку се појави животозагрозувачка аритмија, како вентрикуларна тахикардија или вентрикуларна фибрилација.

Технологија и опрема

Одделот располага со најсовремена технологија за дијагностика и третман на аритмии:

  • Систем за електрофизиолошки студии
    овозможува снимање и анализа на интракардијалните електрични сигнали со висока прецизност.
  • 3D mapping систем
    тродимензионално мапирање на срцевите аритмии за попрецизна аблација и третман на сложени случаи.
  • Радиофреквентна и криоаблациона технологија
    овозможува безбедно и ефикасно третирање на абнормалните електрични патишта.
  • Современа ангиографска и fluoroscopy опрема
    овозможува прецизно водење на катетрите во текот на процедурите.
  • Опрема за имплантација и програмирање на пејсмејкери, CRT и ICD уреди
    за целосно следење и прилагодување на работата на уредите по имплантацијата.
  • Континуиран мониторинг и постпроцедурална нега
    пациентите се следат со современа мониторинг опрема за максимална безбедност.

Патот на пациентот

  • Првична консултација
    Кардиолошки преглед, ЕКГ и проценка на симптомите.
  • Дополнителна дијагностика
    Холтер ЕКГ, ехокардиографија, лабораториски анализи и, доколку е потребно, електрофизиолошка студија.
  • План за третман
    Избор помеѓу медикаментозна терапија, аблација или имплантација на уред.
  • Интервенција
    Изведување на електрофизиолошка студија, аблација или имплантација на уред.
  • Следење
    Редовни контроли, програмирање на уредите и долгорочно следење на срцевиот ритам.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин