ПСИХОЛОГИЈА И ПСИХОТЕРАПИЈА
Психолошка проценка, третман и следење на психичката состојба кај амбулантски и хоспитализирани пациенти.
Преглед на одделот
Одделот за психологија и психотерапија во Клиника Жан Митрев обезбедува психолошка проценка, третман и следење на психичката состојба кај амбулантски и хоспитализирани пациенти.
Тимот од искусни и меѓународно сертифицирани психолози и психотерапевти овозможува индивидуализиран пристап, со фокус на разбирање на личните предизвици, емоционалната состојба и психичкото здравје на секој пациент.
Работата на одделот се базира на доверливост, професионалност и мултидисциплинарна соработка со други медицински специјалности.