ПСИХИЈАТРИЈА

Стручна проценка, дијагностика и третман на психички нарушувања кај адолесценти над 14 години, возрасни и лица во повозрасна доба.

Преглед на одделот

Одделот за психијатрија во Клиника Жан Митрев обезбедува стручна проценка, дијагностика и третман на психички нарушувања кај адолесценти над 14 години, возрасни и лица во повозрасна доба.

Психијатрискиот преглед вклучува сеопфатна проценка на психичката состојба, психоедукација, како и психотерапевтски и/или психофармаколошки пристап во третманот.

Пристапот е индивидуализиран и холистички, со тесна соработка со други медицински специјалности, имајќи ја предвид поврзаноста помеѓу телесното и менталното здравје.

Болести / Состојби

Дијагностицираме и следиме пациенти со:

  • Состојби поврзани со психички раст и развој
  • Стрес и психолошки трауми
  • Анксиозни и депресивни растројства
  • Депресија
  • Психосоматски растројства
  • Афективни растројства
  • Психотични растројства
  • Болести на зависност (алкохол, психоактивни супстанции и др.)
  • Психички растројства во повозрасна доба
  • Когнитивни нарушувања и деменции
  • Психички растројства кај лица со интелектуална попреченост

Дијагностика и третмани

Во одделот се применуваат современи методи за дијагностика и третман:

Сеопфатна проценка на психичката состојба.

Поставување дијагноза според клинички критериуми.

Информирање и поддршка на пациентот и семејството.

Третман преку соодветни психотерапевтски методи

Примена и следење на терапија со лекови.

Проценка на поврзаноста помеѓу телесното и психичкото здравје кај амбулантски и хоспитализирани пациенти, со цел навремено препознавање и третман на состојби како вознемиреност, конфузија или делириум.

Опрема и алатки за работа

Во зависност од клиничката состојба, во дијагностичкиот процес се користат психодијагностички алатки, кои се спроведуваат од стручен психолог како дел од мултидисциплинарниот пристап.

По потреба, пациентите се упатуваат на дополнителни испитувања како магнетна резонанца (MR) и компјутерска томографија (CT) на мозок, со цел исклучување или потврдување на органска основа на симптомите.

Патот на пациентот

  • Иницијална консултација
    Психијатриски преглед и разговор.
  • Дијагностичка проценка
    Анализа на состојбата и претходна медицинска историја.
  • План за третман
    Избор на соодветен терапевтски пристап.
  • Следење и поддршка
    Континуирана проценка и адаптација на терапијата.
  • Консултативна грижа
    Вклучување при комплексни медицински состојби.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин