КАРДИОЛОГИЈА
Современа дијагностика, третман и следење на заболувања на срцето и кардиоваскуларниот систем.
Преглед на одделот
Одделот за кардиологија обезбедува современа дијагностика, третман и следење на заболувања на срцето и кардиоваскуларниот систем. Одделот функционира како центар за сеопфатна кардиолошка проценка, со интегриран пристап кој ги обединува неинвазивната кардиологија, ехокардиографијата, напредната дијагностика, превенцијата и долгорочното следење на пациентите.
Тимот работи во тесна соработка со одделите за интервентна кардиологија, електрофизиологија и кардиохирургија, со цел секој пациент да добие навремена, прецизна и индивидуализирана грижа.
Болести / Состојби
Во одделот се дијагностицираат и третираат:
Артериска хипертензија и резистентна хипертензија
Коронарна артериска болест и ангина пекторис
Кардиомиопатии
Срцева слабост
Валвуларни срцеви заболувања
Атријална фибрилација и други аритмии
Акутен и прележан миокарден инфаркт
Миокардит и перикардит
Вродени срцеви мани кај возрасни
Заболувања на аорта и големи крвни садови
Хиперлипидемија и други кардиоваскуларни ризик фактори
Состојби по поставен стент, бајпас операција или валвуларна интервенција
Необјаснета болка во градите, палпитации, отежнато дишење, синкопа и замор
Дијагностика
Во одделот се применуваат современи неинвазивни и напредни кардиолошки испитувања:
Oсновна проценка на срцевата работа, ритамот и евентуалните знаци на исхемија, аритмии или претходен инфаркт. ЕКГ е брз, безболен и едноставен преглед кој може навремено да открие сериозни срцеви нарушувања.
Ултразвучен преглед на срцето со кој се проценуваат срцевите комори, залистоци, функцијата на срцевиот мускул и присуство на структурни промени.
Детална ултразвучна проценка на срцето преку хранопроводот, особено корисна кај заболувања на валвулите, сомнеж за тромб, ендокардитис, PFO, аневризми и дисекција на аорта. Се користи и пред и по сложени кардиолошки и кардиохируршки интервенции.
Kонтинуирано следење на срцевиот ритам во текот на 24 до 48 часа, за откривање на аритмии, палпитации и пореметувања кои не се забележуваат на стандардно ЕКГ.
Континуирано мерење на крвниот притисок во текот на 24 часа, со цел откривање на „бел мантил“ хипертензија, маскирана или ноќна хипертензија и проценка на ефектот од терапијата.
Проценка на снабдувањето на срцевиот мускул со крв при физички напор, со следење на ЕКГ, срцевата фреквенција и крвниот притисок. Се користи за откривање на коронарна болест, аритмии при напор и следење по интервенции.
Специјализирана метода за проценка на срцевата функција под контролирано оптоварување, кај пациенти кај кои не е можно да се направи класичен стрес тест. Овозможува откривање на исхемија, проценка на виталноста на миокардот и проценка на ризик пред операции.
Hапредна неинвазивна метода која овозможува детална проценка на срцевиот мускул, коморите, залистоците и крвниот проток. Се користи кај кардиомиопатии, миокардит, исхемична болест и вродени срцеви мани.
Неинвазивна метода за проценка на коронарните артерии и откривање на атеросклеротски плаки и стеснувања. Особено е корисна кај пациенти со низок до среден ризик, кога сакаме да избегнеме инвазивна коронарографија.
Проценка на артериите кои го снабдуваат мозокот со крв, кај пациенти со ризик за мозочен удар или невролошки симптоми.
Проценка на артериите на нозете и рацете кај пациенти со болка, ладни екстремитети и нарушена циркулација.
Третмани
Во одделот се обезбедува:
Медикаментозен третман на кардиоваскуларни заболувања
Регулација на крвен притисок, липиди и срцева слабост
Третман и следење на аритмии
Проценка и подготовка за интервентни или кардиохируршки процедури
Следење по стентирање, бајпас, имплантација на валвула или пејсмејкер
Превентивни кардиолошки програми и проценка на кардиоваскуларен ризик
Индивидуализирани препораки за физичка активност, исхрана и животен стил
Технологија и опрема
Одделот располага со современа кардиолошка опрема:
ЕКГ и 24-часовен Холтер ЕКГ систем
24-часовен Холтер за крвен притисок
Современи ехокардиографски апарати со доплер и 3D можности
Опрема за трансезофагеална ехокардиографија
Лента за коронарен стрес тест
Опрема за стрес ехокардиографија со добутамин
Магнетна резонанца на срце
Мултислојна компјутерска томографија за КТ ангиографија
Континуиран мониторинг и кардиолошка дневна болница
Специјалисти
Д-р Енвер Идоски
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Д-р Вилма Ампова Соколов
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Доц. д-р Тања Анѓушева
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Д-р Илија Нешковски
Специјалист по интерна медицина
Cупспецијалист по кардиологија
Доц. д-р Оливер Бушљетиќ
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Проф. д-р Милка Клинчева
Специјалист по интерна медицина
Cупспецијалист по кардиологија
Д-р Борјанка Георгиева
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Д-р Јасмина Зафировска
Специјалист по интерна медицина
Д-р Антонио Антовски
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Д-р сци. Снежана Бонгард
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Д-р Шпенд Идризи
Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија
Патот на пациентот
Прва консултација
Kардиолошки преглед, анамнеза и проценка на симптомите.
Дијагностика
ЕКГ, ехокардиографија, Холтер, стрес тест или напредна дијагностика според потребата.
План за третман
Индивидуализирана терапија, дополнителни испитувања или упатување кон интервентна кардиологија, електрофизиологија или кардиохирургија.
Следење
Редовни контроли и проценка на ефектот од терапијата.
Долгорочна грижа
Превенција, контрола на ризик фактори и следење на кардиоваскуларното здравје .