Нашата политика за квалитет
Во Жан Митрев Клиника сме целосно посветени на обезбедување здравствени услуги според највисоки меѓународни стандарди за квалитет и безбедност. Нашата цел е секој пациент да добие сигурна, ефикасна и професионална медицинска грижа, во средина која се темели на доверба, интегритет и човечки пристап.
Квалитетот не го гледаме како цел, туку како континуиран процес на подобрување.
Нашата посветеност
Се стремиме постојано да ги исполнуваме и надминуваме очекувањата на пациентите преку:
Секој член на тимот е запознаен со системот за управување со квалитет и активно учествува во неговото спроведување.
Клучни цели за квалитет
Со цел да обезбедиме конзистентност и постојано подобрување, поставуваме јасни и мерливи цели за квалитет, кои вклучуваат:
Редовно спроведуваме интерни ревизии и менаџерски прегледи со цел анализа на резултатите и имплементација на подобрувања.
Златен стандард за квалитет
JCI акредитација
Клиничката болница Жан Митрев е трикратно акредитирана од Joint Commission International (JCI) – најпрестижната светска акредитација во здравството, позната како Златен стандард за квалитет и безбедност на пациентите.

Ова признание е доказ за нашата посветеност кон:
-
безбедноста на пациентите
-
висококвалитетни медицински услуги
-
јасни и етички медицински протоколи
-
континуирано унапредување на здравствената грижа