Кардиоваскуларен
центар
Кардиоваскуларниот центар е водечки регионален центар за дијагностика, третман и хирургија на заболувања на срцето и крвните садови.
-
Кардиологија
Комплетна дијагностика и третман на срцеви заболувања, вклучувајќи артериска хипертензија, коронарна болест, срцева слабост и аритмии. -
Интервентна радиологија и кардиологија
Минимално инвазивни процедури како коронарни ангиографии, стентирања, емболизации и васкуларни интервенции. -
Електрофизиологија
Напредна дијагностика и третман на аритмии, имплантација на пејсмејкери, дефибрилатори и аблации со висок успех. -
Кардиохирургија
Високоспецијализирани хируршки процедури како бајпас, заменa на залистоци, минимално инвазивна хирургија и комплексни реконструкции. -
Васкуларна хирургија
Дијагностика и хируршки третман на заболувања на артерии и вени, вклучувајќи аневризми, периферна артериска болест и варикозни вени. -
Интервентна кардиологија и кардиохирургија за деца
Дијагностика и третман на вродени срцеви мани – од едноставни до најкомплексни, со врвен тим педијатриски специјалисти.
Центар за невронауки
и ментално здравје
Нашите оддели обезбедуваат целосна медицинска грижа — од превенција и дијагностика до третман и опоравување — со персонализиран пристап на секој чекор од вашето здравствено патување.