Високоспецијализиран тим, напредна технологија и индивидуален пристап кон секој пациент.

Современи хируршки решенија за срцеви заболувања

Одделот за кардиохирургија обезбедува комплетен хируршки третман на срцеви и васкуларни заболувања кај возрасни и деца. Се применуваат современи хируршки, минимално инвазивни и хибридни техники, со фокус на безбедност, прецизност и побрзо закрепнување.

Болести / Состојби

  • Коронарна артериска болест
  • Валвуларни заболувања (аортна, митрална, трикуспидна, пулмонална)
  • Срцева слабост (напреден и терминален стадиум)
  • Аневризми и дисекции на аорта
  • Вродени срцеви мани (деца и возрасни)
  • Заболувања на перикард (срцева обвивка)
  • Кардиогени тумори
  • Кардиоген шок
Дијагностички испитувања

Дијагностика и Третмани

Во одделот за кардиохирургија сите пациенти добиваат индивидуален пристап за лекување. Овој пристап е стандард кој веќе со години се применува кај сите пациенти во нашата клиника. Индивидуалниот третман има за цел на пациентите да им се овозможи прецизна дијагноза проследена со врвна хирургија, соодветно лекување и следење на состојбата постоперативно.

  • Коронарен бајпас
  • Валвуларна хирургија (болести на аортна, митрална, трикуспидна и пулмонална валвула)
  • Хируршка реконструкција на левата комора
  • Отстранување на тумори од срце
  • Хируршки третман на вродени срцеви мани кај возрасни и деца
  • Хирургија на перикардни заболувања (заболувања на срцевата обвивка)
  • Комбинирана хирургија (бајпас, валвули, аорта)
  • Хируршки третман на тешка срцева слабост
  • Вградување на механичка циркулаторна потпора кај пациенти со хронична срцева слабост
  • Хируршки третман при акутен кардиоген шок (поставување на ЕКМО)
  • Автотрансплантација
  • Хирургија на перикард (срцева обвивка)
  • Операции на асцендентниот дел од аортата (аневризма на аорта и дискеција Станфорд А, коарктација на аорта)
  • Операција на торакален дел од аортата (аневризма, дисекција) и торакоабдоменална аневризма
  • TAVI (транскутана замена на аортна валвула)
  • Mitral clip (перкутано решавање на тешка митрална инсуфициенција)
  • Хируршка замена на пејс-мејкерска батерија, вадење на пејсмејкерски жици

Kоронарна бајпас операција

Со тек на време, мастите, холестеролот и другите супстанци кои се наталожуваат на ѕидовите на артериите формираат плаки. Кога доаѓа до откинување на плаката се формира тромб, протокот на крв низ срцето се блокира и може да доведе до нелагодност во градите (ангина) и до срцев удар.

Коронарна бајпас операција е операција на срцето. За премостување се користат крвни садови земени од друг дел на телото за да се заобиколи (премости или бајпасира) блокираниот или стеснетиот дел на коронарните (срцеви) артерии. Бајпасот овозможува поголемо количество на проток на кислород низ срцевиот мускул.

  • Се зема крвен сад од граден кош, од рака или од ногата на пациентот.
  • Едниот крај од крвниот сад се прицврствува за аортата (најдолемиот крвен сад кој излегува од срцето), а другиот крај се прицврстува на коронарната артерија под точката каде што е блокирана. На тој начин преку новото премостување се овозможува оптимален проток на крв до срцето.
  • Може да има потреба од повеќе артериски бајпаси, во зависност од тоа колку срцеви артерии се блокирани.
  • Вообичаено, операцијата трае 3-6 часа.

Кардиохируршките операции, вклучително и коронарната бајпас хирургијата најчесто се прават со употреба на екстракорпорална циркулација (крвта на пациентот тече низ специјална машина која овозможува времено нормално функционирање на органите на пациентот, а истовремено бескрвно поле за хирургот).

Во определени ситуиации, во зависност од клиничката состојба на пациентот и по проценка на кардиохирургот,  коронарната бајпас хирургија може да се извршува без употреба на екстракорпорална циркулација т.н. “off pump” коронарна хирургија, метода која е побезбедна за повозрасни и коморбидитетни пациенти, но многу посложена за работа и побарува исклучителни хируршки вештини. Оваа техника веќе со години се применува во нашата клиника.

Операции на асцендентниот дел од аортата

  • Аневризма на аорта
  • Дисекција Станфорд А
  • Коарктација на аорта

Операција на торакален дел од аортата

  • Аневризма
  • Дисекција
  • Операција на торакоабдоменална аневризма 

Операција на срцеви валвули (аортна, митрална, трикуспидална и пулмонална валвула)

Валвуларна хирургија или операција на срцева валвула се прави со замена или реконструкција на срцевата валвула која не „работи“ правилно. Повеќето замени на валвулите ги вклучуваат аортните и митралните валвули.

Аортната валвула ја разделува левата комора (главната пумпа на срцето) и аортата (најголемиот артериски крвен сад кој ја носи крвта во целото тело). Митралната валвула ја разделува левата предкомора со левата комора. Четирите валвули во срцето го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ срце. Доколку дојде до заболување на валвулата или оштетување, можна е потреба од реконструкција или замена на истата (со механичка или биолошка протеза). Операциите на срцевите валвули се прават со примена на екстракорпорална циркулација и вообичаено траат 3-5 часа.

Најчести валвуларни проблеми кои доведуваат до операција на срцевите валвули:

  • Стеноза (валвулите не се отвараат доволно и не овозможуваат доволен проток на крвта).
  • Инсуфицинеција или регургитација (не се затвараат соодветно и доведуваат до неправилен проток).
  • Пролапс – залистоците на митралната валвула не се затвораат соодветно (најчесто кај жени).
  • Проблемите кои доведуваат до операција на срцевите валвули можат да бидат вродени или стекнати во текот на живот.
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на LVAD
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на RVAD
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на BVAD
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при хронична срцева слабост од типот на TAH – total artefitial heart
  • Поставување на механичка циркулаторна потпора при акутна срцева слабост од типот на ECMO, impella, centrimag, levitronix
Највисоко ниво на дијагностика и интервенции

Технологии и Опрема

Кардиоваскуларниот центар располага со најсовремена опрема која овозможува брза, прецизна и безбедна дијагностика и третман:

  • Хибридна операциона сала
    за комбинирани хируршки и интервентни процедури во една средина.
  • Екстракорпорална циркулација (heart–lung machine)
    за безбедно изведување комплексни срцеви операции.
  • ECMO и механичка циркулаторна потпора
    за третман на акутна и хронична срцева слабост.
  • Минимално инвазивни хируршки техники
    за помала траума, побрзо закрепнување и подобар исход.
  • Напредна постоперативна интензивна нега
    за континуирано следење и брза реакција.
Нашиот тим

Запознај ги нашите доктори

Совршена грижа, обезбедена од врвни експерти

Д-р Никола Христов

Кардиоваскуларен центар

Специјалист по кардиоваскуларна хирургија

Доц. д-р Жан Митрев FETCS

Кардиоваскуларен центар

Специјалист по кардиоваскуларна хирургија

Патот на пациентот

  • Првична консултација
    Детална анамнеза, преглед и одредување на потребни дијагностички процедури.
  • Консултација и дијагностика
    Преглед, детална проценка и индивидуален план за третман.
  • Подготовка и хируршки третман
    Безбедна подготовка и изведба на интервенцијата од искусен тим.
  • Постоперативна грижа и закрепнување
    Следење, рехабилитација и долгорочна грижа за оптимален исход.
  • Долгорочна грижа и превенција
    Советување за кардиоваскуларни ризици, нутриционистички препораки и поддршка.

95%+

успешност кај интервентни кардиолошки процедури

2000+

пациенти третирани годишно

1000+

успешни кардиохируршки операции годишно

500+

пациенти со успешни интервенции на аритмии и електрофизиологија годишно

Сведоштва

Што велат нашите пациенти

Клиниката Жан Митрев ги надмина моите очекувања. Од првичната консултација до последователната грижа, сè беше спроведено со внимание и експертиза.

Марија Стојанова

Бев импресионирана од професионалноста. Докторите сè објаснија детално, а поддршката за опоравување беше исклучителна.

Бојана Николовска

Персоналот беше неверојатно поддржувачки, а мојот третман помина беспрекорно. Се чувствував згрижено на секој чекор од патот.

Александар Ристовски