Запознајте ги нашите доктори

Мултидисциплинарен тим од искусни доктори посветени на здравјето на пациентите.

Доц. д-р Оливер Бушљетиќ

Специјалист по интерна медицина
Супспецијалист по кардиологија

Повеќе за докторот

Искусен анестезиолог со повеќегодишна пракса во областа на кардио-анестезијата, интензивната нега и третманот на критично болни пациенти.

Д-р Емил Стоицовски е специјалист по анестезиологија и реаниматологија со повеќе од две децении клиничко искуство. Од 2005 година е дел од тимот на Клиничка болница Жан Митрев, каде активно учествува во изведување на најсложени кардиохируршки интервенции како одговорен анестезиолог.

Неговата експертиза опфаќа општа и регионална анестезија, кардио-анестезија, интензивно лекување, како и водење на пациенти во единица за интензивна нега. Поседува значајно искуство во примена на напредни техники како трансезофагијална ехокардиографија (TEE), инвазивен мониторинг, IABP поддршка и континуирана хемофилтрација (CVVHDF).

Препознатлив е по внимателниот пристап кон секој пациент, високото ниво на професионална одговорност и тимската соработка во хируршките процедури, со фокус на максимална безбедност и стабилност во текот на оперативниот и постоперативниот период.

Искуство

1999-2003

Положил специјалистички испит по Анестезиологија и реанимација – Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија

1995

Положил државен испит – Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија

1988-1994

Доктор на медицина – Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија

1983-1987

Средно медицинско училиште,, Др. Панче Караѓозов’’- Физиотерапевтски техничар – Скопје, Македонија

2005 – во тек

Специјалист по анестезиологија и реанимација – Клиничка болница Жан Митрев – Скопје, Македонија

– Комплетно оспособен за независно вршење на анестезија, реанимација и интензивна нега во кардио-хирургијата.

– Докажана способност во водењето на пациентот во единица за интензивна нега

– Основно искуство во трансезофагијална ехокардиографија TEE

– Квалификувани знаења и обемно искуство во целосна апликација на IABP

– Познавања во апликација на CVVHDF филтри

– Базични знаења за трансторакална ехокардиографија (TTE).

– Асистирање во хируршка подготовка и дијагностицирање на пациенти со срцеви заболувања.

– Обезбедување на едукација и обука на млади специјалисти и специјализанти

– Периодична контрола на опремата во врска со анестезија..

– Рутинска работа со инвазивни следења.

– Третман на акутна и хронична болка

– Општа анестезија

– Регионална анестезија

– Регионални блокови

– Кардио анестезија

– Бронхоскопија

– Третман на хронична болка

– Поставување на инвазивен мониторинг

– Амбулантска анестезија

– Интензивно лекување

– Транспорт на критично болни пациенти


1998 –2005

Специјалист по анестезиологија и реанимација во Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски

Изведувал секаков вид на општа анестезија, вклучувајќи и неонатална анестезија, реанимација и интензивна нега.

Одел за анестезиологија, ранимација и интензивна грижа – Скопје, Македонија

1996 – 1998

Стручен соработник Македонија Лек – Скопје, Македонија

  • Предавања и презентација на нови лекови и препарати од целата палета на лекови во болниците.
  • Претставување на компанијата на конгреси.
  • Кардио-анестезијa

  • Општа анестезија

  • Регионална анестезија и регионални блокови

  • Интензивна нега и механичка вентилација

  • Трансезофагијална ехокардиографија (TEE)

  • Инвазивен хемодинамски мониторинг

  • IABP поддршка

  • CVVHDF терапија

  • Бронхоскопија

  • Третман на акутна и хронична болка

  • Транспорт и стабилизација на критично болни пациенти

Англиски
Српски

Контактирајте нѐ

Доколку имате прашања контактирајте нѐ на формата подолу. Тимот на Клиника Жан Митрев ќе ви одговори во најбрз можен рок.

    Или пишете ни го вашиот телефонски број, тимот ќе ве контактира во најкус можен рок.