Запознајте ги нашите доктори

Мултидисциплинарен тим од искусни доктори посветени на здравјето на пациентите.

Проф. д-р Константин Митев

Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по трауматологија

Повеќе за докторот

Еден од водечките трауматолози и артроскопски хирурзи во регионот.

Д-р Константин Митев е специјалист по општа хирургија и супспецијалист по трауматологија со богато клиничко, академско и научно искуство. Од 2012 година е дел од тимот на Клиничка болница Жан Митрев, каде работи како хирург на Одделот за ортопедија и трауматологија.

Неговата експертиза е насочена кон современ, минимално инвазивен хируршки третман на повреди и заболувања на мускулоскелетниот систем, со посебен фокус на артроскопска хирургија на колено, рамо и скочен зглоб, реконструкција на лигаменти и третман на оштетувања на зглобна рскавица.

Како вонреден професор по хирургија и трауматологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, активно учествува во едукација на идни лекари и специјалисти. Член е на повеќе национални и меѓународни професионални здруженија, а неговата научна работа е објавена во реномирани медицински списанија.

Препознатлив е по индивидуален пристап кон пациентите, прецизна хируршка техника и примена на најсовремени методи во третманот на спортски повреди, дегенеративни заболувања и комплексни трауматолошки состојби.

Искуство

2021
Избран во наставно научно звање вонреден професор по хирургија/трауматологија на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип

2016
Супспецијалист по трауматологија

2015
Избран во наставно научно звање доцент по трауматологија на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Гоце Делчев, Штип

2013

Одбрана на докторска дисертација со наслов “евалуација на клинички резултати со методот на артроскопско

2012
Асистент на медицински факултет Гоце Делчев, Штип од областа на хирургијата
Специјалист – хирург на одделот за Ортопедија и   Трауматологија, во Специјална болница Филип Втори

2010
Асистент по хирургија при медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методи, Скопје
Одбрана на магистерски труд и стекната титула магистер на медицински науки

2009
Завршени постдипломски студии од Трауматологија

2001-2005
Специјализација по општа  хирургија

1998
Положен државниот испит на 23.10.1998 год.

1991-1997
Медицински Факултет,  Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-  Скопје, доктор  по медицина

1987-1991
Средно Училиште “Никола Карев”, Скопје

2012 – во тек
Специјалист – хирург на одделот за Ортопедија и  Трауматологија, во Клиничката болница Жан Митрев 
Асистент на медицински факултет Гоце Делчев, Штип од областа на хирургијата

2010
Асистент по хирургија при медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методи, Скопје

1998-2001
Градска Хируршка клиника Св. Наум Охридски –  Скопје

1997-1998
Здравствен дом Скопје

1. Oртопедско – травматолошки прегледи  за заболувања повреди и пореметеувања  на мускулоскелетниот систем што ги вклучува коските, зглобовите, мускулите, лигаментите, тетивите

  • Повреди на мот систем, меки ткива, зглобови и коски
  • Деформитети на локомоторен систем
  • Инфекции на мускулоскелетниот систем
  • Метални заболувања на локомоторен систем
  • Мускулоскелетни тумори на локомоторен систем
  • Ревматолочки заболувања на локомоторен систем
  • Дегенаритвни заболувања на зглобови

2. Амбулантски процедури – апликација на интраартикуларни  и периартикуларни инекции.

  • ПРП
  • Кортикостероиди
  • локални анестетици
  • деривати на хијалуронска киселина
  • репозиција на зглобови
  • поставување на гипсена имобилизација
  • ортози, појаси

Операции

  • Мекоткивни операции
  • Операции на коските
  • Операции на зглобовите
  • Хируршки третман

Мекоткивни операции

  • Декомпресија на нерви/тунел карпал,кубитал карпал,тарзал тунел синдром
  • Тенотомии (отпуштање на тетиви)  и тенодози
  • Реконструкција на тетиви
  • Биопсија на мекоткивни структури
  • Отстранување на мекоткивни тумори
  • Синовектомии на зглобови

Артроскопии –  Минимално инвазивни процедури на зглобови

Артроскопија на колено

  • менисектомија, реконструкција на преден вкрстен лигамент, лигаменти, трансплантација на рскавица ,отстранување на слободно зглобно тело, хондромалација,микрофрактурирање, латерално ослободување.

Артроскопија на рамо

  • субакромиајална декомпресија, бурзектомија, отстранување на калциумски депозит, третман на ротаторна манжетна

Артроскопија на скочен зглоб

  • Синовектомија,отстраување на слободно тело, коскен и мекоткивен импиџмент третман на рскавица

Артроскопија на рачен зглоб

  • Отстранување на слободно зглобно тело,хондромалација синовектомија

 

3. Хируршки третман на коски – скршеници

  • Остеосинтеза – внатрешна фиксација на скршеници на долги и кратки коски
  • Реостеосинтеза и трансплатација на коска
  • Екстракција на алентеза /остеосинтетски материјал / од долги и кратки коски
  • Корективни остеотомии на долги и кратки коски
  • Отстранување на бенигни и малигни коскени тумори
  • Хируршко лекување на остеомиелитис

4. Хирурчки третман на зглобови

  • Примарна артропластика на зглобови /протези на зглобови
  • Артродеза на зглобови
  • Стабилизација на зглобови
  • Хируршко лекување на перипростетски инфекции

5. Хиуршки третман на остемиеитис и перипостетски инфекции на меките ткива, коските и зглобовите со вакуум третман

Англиски
Српски

Контактирајте нѐ

Доколку имате прашања контактирајте нѐ на формата подолу. Тимот на Клиника Жан Митрев ќе ви одговори во најбрз можен рок.

    Или пишете ни го вашиот телефонски број, тимот ќе ве контактира во најкус можен рок.