Центар за неврологија и ментално здравје

Сеопфатна грижа за здравјето на мозокот, нервниот систем и менталната благосостојба.

Преглед на центарот

Центарот за неврологија и ментално здравје во Клиника Жан Митрев претставува интегрирана целина која обезбедува сеопфатна дијагностика, третман и следење на нарушувања на нервниот систем и менталното здравје.

Преку координирана работа на невролози, психијатри, психолози и психотерапевти, овозможуваме мултидисциплинарен пристап кој води до прецизна дијагноза, индивидуализиран третман и континуирана грижа за пациентите.

Центарот е наменет за пациенти со невролошки симптоми, психички нарушувања или потреба од психолошка поддршка, при што се зема предвид поврзаноста помеѓу телесното и менталното здравје.

Оддели во рамки на центарот

Центарот ги опфаќа следните специјализирани оддели:

Нашиот тим

Специјалисти

Центарот функционира со мултидисциплинарен тим од специјалисти по:

Пристап

Во одделот се применува интегриран и индивидуализиран пристап кон рехабилитацијата, при што секој пациент се разгледува како целина – со неговите физички, функционални и животни потреби.

  • Индивидуализиран план за терапија
    секој пациент добива персонализиран план врз основа на почетната физиотерапевтска проценка, со јасно дефинирани цели и фази на рехабилитација.
  • Мултидисциплинарна соработка
    тесна координација со лекари специјалисти (ортопеди, невролози, кардиолози, пулмолози) за обезбедување сеопфатен третман.
  • Функционален пристап
    фокус на враќање на секојдневните активности, подвижноста и независноста на пациентот, а не само на намалување на симптомите.
  • Континуирано следење и адаптација
    редовно следење на напредокот и прилагодување на терапијата според реакцијата на пациентот
  • Едукација и активно учество на пациентот
    пациентите се едуцираат за правилно движење, вежби и навики, со цел долгорочно одржување на резултатите и превенција од повторна појава.
  • Холистички пристап
    се зема предвид поврзаноста помеѓу телото, функцијата и животниот стил, со цел подобрување на целокупното здравје и квалитетот на живот.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин