Едукација и наука
Континуираната едукација и научно истражувачката работа се суштински дел од мисијата и секојдневното работење на Клиничката болница Жан Митрев. Со овие активности управува Комисијата за едукација и наука, која работи согласно политиките за научно истражувачка дејност и принципите на добра клиничка пракса.
Едукација
Клиничката болница Жан Митрев континуирано организира едукативни активности во форма на научни клубови на неделно ниво. Активно се поддржува учество на национални и меѓународни конгреси, како и стручно усовршување во реномирани европски медицински центри.
Болницата организира семинари, работилници и курсеви наменети за своите вработени, како и за здравствени работници – лекари, медицински сестри и фармацевти – од земјата и од странство. Целта на овие активности е континуирано унапредување на знаењата, вештините и професионалните перформанси, со фокус на квалитетна и современа медицинска грижа.
Во болницата работат професори и асистенти од повеќе медицински области. Од 2010 година, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, се реализира теоретска и практична настава за студенти по општа медицина и лекари на специјализација.
Наука
Од своето основање во 2000 година, Клиничката болница Жан Митрев активно придонесува кон развојот на медицината и унапредување на здравствениот систем. Болницата има реализирано бројни научно и стражувачки проекти, учествува во меѓународни клинички студии и редовно презентира научни резултати на реномирани меѓународни конгреси.
Нашите тимови публикуваат научни трудови во меѓународни списанија со импакт фактор. Нашата цел е не само да ја применуваме современата медицина, туку и активно да учествуваме во создавањето и развојот на медицинската наука.