Современа дијагностика и хируршки третман на заболувања на крвните садови.
Комплетна грижа за артериите и вените
Одделот за васкуларна хирургија обезбедува дијагностика, следење и хируршки третман на заболувања на артерискиот и венскиот систем. Комбинираме отворени и минимално инвазивни техники, напредна радиолошка дијагностика и мултидисциплинарен пристап со кардиолози, радиолози и кардиохирурзи, со цел навремено и безбедно лекување на секој пациент.





