За Нас

Почувствувајте ја нашата поддршка, грижа и
внимание на секој чекор.

Клиника Жан Митрев

Да придонесеме кон подобро здравје и поголемо задоволство на пациентите преку врвна медицинска грижа, континуирана едукација и примена на современи методи.

Посветени на здравјето. Посветени на животот.

Нашата мисија

Повеќе од две децении, Клиниката Жан Митрев претставува симбол на врвна медицинска грижа, иновација и доверба. Нашиот пристап е едноставен – пациентот е секогаш во центарот на сè што правиме.

Центар на извонредност

Нашата визија

Да бидеме национален и регионален лидер во здравствената заштита, препознатлив по клиничка извонредност, иновации и беспрекорна грижа, и прв избор на пациентите – нивен партнер од доверба на секој чекор.

Доверба · Посветеност · Експертиза · Иновативност · Интегритет

Наши вредности

Пациентот е во срцето на сè што правиме. Грижата не завршува со третманот — таа продолжува и по напуштањето на болницата. Градиме долгорочни односи со пациентите, затоа што веруваме дека здравјето е заедничка одговорност.

Стратешки цели

Нашиот долгорочен развоен план се темели на три клучни столба:

  • Дигитална трансформација и иновации
    Интеграција на современи технологии и вештачка интелигенција за подобрување на ефикасноста, безбедноста и персонализацијата на медицинската грижа.
  • Едукација, наука и развој на кадарот
    Континуирано вложување во знаење, истражување и професионален развој, со примена на најнови медицински стандарди и размена на експертиза.
  • Меѓународен развој и достапност на услуги
    Проширување кон меѓународни пазари и развој на медицински туризам, со цел позиционирање како регионален центар за висококвалитетна здравствена грижа.

Квалитет и JCI акредитација

Клиничката болница Жан Митрев е трикратно акредитирана од Joint Commission International (JCI) – најпрестижната светска акредитација во здравството, позната како Златен стандард за квалитет и безбедност на пациентите.

jci_logo

Ова признание е доказ за нашата посветеност кон:

  • безбедноста на пациентите

  • висококвалитетни медицински услуги

  • јасни и етички медицински протоколи

  • континуирано унапредување на здравствената грижа

Зошто да не изберете нас?

  • Мултидисциплинарен тим на врвни специјалисти
    Искусни лекари и експерти со меѓународна едукација и докажана експертиза.
  • Најсовремена медицинска технологија
    Напредна дијагностика и третмани со високо ниво на прецизност и безбедност.
  • Персонализирана грижа за секој пациент
    Индивидуален пристап, јасна комуникација и континуирана поддршка во текот на целиот процес.
  • Докажани резултати
    Илјадници успешно третирани пациенти и реални клинички исходи.
  • Континуиран развој и иновации
    Постојано унапредување преку знаење, истражување и примена на современи медицински решенија.

26+

години искуство

1000000+

медицински прегледи

400000+

успешни приказни

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин