• 4

Во нашата клиника, тимот уролози д-р Горан Јовиќ, д-р Горан Балевски и д-р Виктор Грујевски успешно ја извршија првата биопсија на тестис со микродисекција – микро-ТЕСЕ процедура.
Оваа напредна хируршка техника им нуди надеж на мажите со опструктивна азооспермија.
Со користење на високо-моќен оперативен микроскоп, тие успеаја да ги идентификуваат и извлечат семиниформните тубули кои имаат поголема веројатност да содржат сперма. Новата метода го подобрува успехот на пронаоѓањето на сперматозоиди, а воедно и го минимизира оштетувањето на ткивото на тестисите.

Примената на најсовремена опрема и методи ја нагласува посветеноста на Жан Митрев Клиника за усвојување на врвни медицински процедури со цел обезбедување подобри резултати за потомство кај пациентите со ваква дијагноза.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин