• 2

Во периодот од 03.10 до 05.10.2025 година се одржа четвртиот по ред годишен сестрински конгрес, на кој присуствуваа бројни стручни лица од сите здравствени установи од државата и регионот.

Оваа година на конгресот имаше повеќе од 300 учесници – медицински сестри, техничари, доктори и фармацевти. Програмата опфати предавања, презентации и панел-дискусии посветени на современите предизвици и трендови во сестринството, создавајќи можност за размена на искуства и нови знаења.

Голема чест и гордост за нас како клиника беше активното учество во неколку сегменти, најпрво како спонзор на Здружението „ЗА НАС“, преку учество во организацијата на настанот, и со тим од сестри кои со своите презентации придонесоа за унапредување на професионалните знаења и промоција на нашата установа.

Исто така во соработка со Фила Фарм и нашиот бренд Ортомол, го претставивме тимскиот дух и посветеноста кои секојдневно ги негуваме во нашата клиника.

Настаните од ваков тип се потсетник дека сестринството е професија со срце – професија која обединува, мотивира и инспирира, истовремено промовирајќи ги вредностите на заедништво, едукација и хуманост.
За време на овој 4-ти Конгрес на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија се одржа и Регионалната ESNO Конференција.

По инспиративните воведни обраќања од претставниците на ESNO, IFNA и Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари на Македонија, следеше динамична панел дискусија на тема „Сестринство во транзиција: Регулација, Специјализација и Системско влијание“, модерирана од претседателот на ESNO – д-р Адријано Фригановиќ.

Размената на експертиза, визија и професионални искуства уште еднаш ја истакна важноста на напредните сестрински улоги и меѓународната соработка во унапредувањето на здравствените системи.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин