Области на експертиза:
Хируршки третман на рбетни деформитети-Сколиози
•Хируршко лекување на адолесцентна и возрасна сколиоза
•Корекција на ригидни и комплексни сколиотични деформитети
•Реставрација на сагитален и коронален баланс
•Ревизиски операции по претходни хируршки интервенции
•Третман на деформитети со невролошка компромитација
Конгенитални деформитети на рбет
•Дијагностика и хируршки третман на конгенитални аномалии на рбет
•Корекција и ресекција на хемивертебра
•Третман на дефекти на формирање и сегментација
•Хируршко лекување на прогресивни конгенитални деформитети
•Реконструктивни процедури кај комплексни малформации на рбет
• MAGEC Rod, магнетски растечки системи
• Традиционални растечки системи
Реконструктивна и корективна хирургија на рбет
•Комплексни реконструктивни операции на рбет
•Корекција на посттрауматски и постоперативни деформитети
•Ревизиски спинални операции
•Комбинирани антериорни и постериорни хируршки пристапи
•Долгосегментална стабилизација и фиксација
Тумори на рбет и рбетен столб
•Дијагностика и хируршки третман на примарни тумори на рбет
•Хируршки третман на метастатски тумори на рбет
•Декомпресија на рбетен мозок и нервни структури кај туморска компресија
•Стабилизација на рбет кај туморска деструкција и патолошки фрактури
•Реконструктивни процедури по туморска ресекција
•Палијативни хируршки интервенции со цел подобрување на квалитетот на живот
•Мултидисциплинарен пристап во соработка со онкологија, радиотерапија и радиологија
Остеопоротични фрактури на рбет
•Хируршки третман на остеопоротични компресивни фрактури
•Минимално инвазивни процедури (вертебропластика и кифопластика)
•Стабилизација на нестабилни остеопоротични фрактури
•Корекција на постфрактурни кифотични деформитети
Трауматски повреди и фрактури на рбет
•Хируршко лекување на акутни трауматски фрактури
•Декомпресија на рбетен мозок и нервни структури
•Стабилизација на нестабилни и мултисегментални повреди
•Третман на посттрауматски деформитети и хронична нестабилност
Хируршки третман на спинални стенози
•Хируршко лекување на лумбална, цервикална и торакална стеноза
•Декомпресивни процедури (ламинектомија, ламинапластика, TLIF процедури, други процедури за интервертебрална фузија)
• Декомпресија со стабилизација кај комбинирани дегенеративни состојби
•Третман на стеноза асоцирана со деформитети
Дијагностика и хируршко планирање
•Сеопфатна клиничка и радиолошка евалуација
•Анализа на спинален баланс и биомеханика
•Индивидуализирано хируршко планирање на комплексни случаи
•Проценка на ризик и избор на оптимална хируршка стратегија
Хируршки третман и технологии
•Современи техники на спинална инструментација
•Минимално инвазивни и отворени хируршки пристапи
•Интраоперативен невромониторинг (каде достапно)
•Контрола и менаџмент на интраоперативни и постоперативни компликации
Пероперативна и постоперативна грижа
•Детално предоперативно советување и информирање на пациентите
•Интегриран постоперативен третман и рехабилитација
•Долгорочно следење на хируршкиот исход
•Проценка на функционалност и квалитет на живот