Проф. д-р Васил Илиев е специјалист гинеколог-акушер, субспецијалист по урогинекологија со реконструктивна пелвична хирургија и субспецијалист по гинеколошка хирургија со над 40-годишно искуство стручна и академска работа во Македонија и надвор од земјата.Специјализацијата и супспецијализацијата, како и академската кариера до редовен професор, ги изградил преку активна стручна и едукативна работа и залагање на Универзитетската Клиниката за гинекологија и акушерство и Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и бројни едукативни и стручни престоји и ангажмани надвор од земјата.
Во неговата кариера следат и повеќегодишни престои во САД (гинеколошка хирургија), Шпанија (Текнон Медицински Центар, Барселона), Обединето Кралство (Ст Џорџ Хоспитал, Лондон), Р. Хрватска итн.
Во долгиот и богат работен век Проф. д-р В. Илиев посебно се посветил на хируршкиот третман на гинеколошките заболувања со посебен акцент на урогинекологијата и промените на тазовата статика како и на широката патологија на тумори на гениталните органи кај жената.
