ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА
Современи хируршки и ендоваскуларни техники, одделот овозможува безбеден третман, подобрување на циркулацијата и зачувување на екстремитетите.
Преглед на одделот
Одделот за васкуларна хирургија обезбедува дијагностика и хируршко лекување на заболувања на артериите и вените. Со примена на современи хируршки и ендоваскуларни техники, одделот овозможува безбеден третман, подобрување на циркулацијата и зачувување на екстремитетите.
Болести / Состојби
Во одделот се дијагностицираат и третираат:
Периферна артериска болест
Каротидна болест и стеснување на каротидните артерии
Аневризми на аорта и периферни артерии
Проширени вени и хронична венска инсуфициенција
Длабока венска тромбоза
Артериски и венски тромбози и емболии
Дијабетско стапало
Хронични рани и улцерации на долни екстремитети
Критична исхемија на екстремитети
Дијагностика и третмани
Во одделот се применува целосен спектар на кардиохируршки процедури:
Хируршко отстранување на наслагите од каротидните артерии, со цел превенција на мозочен удар. Процедурата често се изведува во локална анестезија.
Реконструкција на крвните садови кај стеноза, извиткување или аневризма.
Премостување на стеснети или затворени артерии на долните екстремитети, со употреба на сопствени вени или васкуларни протези.
Хируршко отстранување на тромб или емболус за повторно воспоставување на циркулацијата.
Комбиниран третман за зачувување на екстремитетот кај пациенти со сериозно нарушена циркулација.
Ангиопластика и стентирање на абдоминална и торакална аорта (EVAR/TEVAR), со употреба на персонализирани стентови изработени според анатомијата на пациентот.
Отворени и ендоваскуларни операции за аневризми на аорта и периферни артерии.
Хируршки и минимално инвазивни процедури, вклучително stripping на сафенска вена и екстрипација на локални варикси.
Минимално инвазивна процедура во локална анестезија, при која големата сафенска вена се затвора со радиофреквентна енергија, а проширените вени дополнително се третираат со флебектомија. Пациентот се отпушта истиот ден, обично по околу еден час.
Дебридман, озон терапија и постоперативна нега со цел зачувување на екстремитетот.
Технологија и опрема
Одделот располага со современа технологија и специјализирана опрема која овозможува прецизна дијагностика, безбедно изведување на васкуларни интервенции и континуирано следење на пациентите во сите фази од лекувањето.
Дуплекс и Доплер ултразвук
неинвазивни методи за проценка на артерискиот и венскиот проток, откривање на стеснувања, тромбози, аневризми и нарушувања во циркулацијата. Овозможуваат брза и прецизна проценка на крвните садови и се важен дел од првичната и контролната дијагностика.Современа ангиографска опрема
овозможува детална визуелизација на крвните садови во реално време, што е особено важно при планирање и изведување на ендоваскуларни процедури. Со оваа технологија се добива прецизен приказ на местото и степенот на васкуларното оштетување.Опрема за ендоваскуларни интервенции и персонализирани стентови
вклучува катетери, водичи, балони, стентови и стент-графтови за минимално инвазивен третман на стеснувања, оклузии и аневризми. Персонализираните стентови овозможуваат третман прилагоден на анатомијата и клиничката состојба на секој пациент.Современа операциона сала со васкуларна поддршка
опремена за изведување на класични и комбинирани васкуларни операции, со услови за безбедна работа при сложени реконструктивни и бајпас процедури. Ова овозможува висок степен на сигурност и координација на тимот за време на интервенцијата.Интензивна нега со континуиран мониторинг
обезбедува постоперативно следење на виталните параметри, циркулацијата и општата состојба на пациентот, особено кај потешки и комплексни случаи. Постојаниот надзор овозможува навремена реакција и безбедно закрепнување по интервенцијата.
Специјалисти
Доц. д-р Жан Митрев FETCS
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија
Д-р Никола Христов
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по кардиоваскуларна хирургија
Д-р Игор Костов
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по васкуларна хирургија
Тимот вклучува и интервентни радиолози, анестезиолози, специјализирани медицински сестри и техничари.
Патот на пациентот
Прва консултација
Преглед од васкуларен хирург со ехо и Доплер на крвните садови.
Детална дијагностика
Компјутерска томографија, каротидографија, периферна ангиографија и флебографија, во зависност од состојбата.
Heart Team евалуација
Мултидисциплинарен тим носи одлука за најсоодветниот третман.
Хируршки или ендоваскуларен третман
Изведување на планираната процедура по претходна подготовка и разговор со пациентот.
Постоперативна нега
Следење во интензивна нега и одделенска рехабилитација.
Следење и рехабилитација
Редовни контроли и долгорочно следење на циркулацијата и состојбата на крвните садови.