• 1

Во клиниката спроведуваме физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања кои влијаат на нивната мобилност. Со соодветно избрана терапија помагаме во елиминирање на болката и ги поддржуваме нашите пациенти во враќањето на физичката кондиција, што ќе го подобри нивниот квалитет на живот.

  • Физиотерапевтска проценка – 1800 денари.
  • Функционална магнетна стимулација – 1500 денари.
  • Кинемат CPM и електростимулација – 2500 денари.
  • Кинемат CPM – 1800 денари.
  • Кинезитерапија – 2000 денари.
  • Gunaphoresis за мали зглобови – 1800 денари.
  • Gunaphoresis со два колагена – 3000 денари.
  • Кинезиотејпинг – 1500 денари.
  • Мотомед терапија – 1500 денари.
  • ERGON IASTM терапија – 2500 денари.
  • Ласер терапија – 1800 денари.
  • Flossing техника – 2500 денари.
  • Пакет кинезитерапија со електротерапија – 4000 денари.

За време на првата посета, терапевтот спроведува физиотерапевтска проценка преку тестови и податоци од вашата медицнска историја за да ја утврди вашата моменталната состојба, а потоа создава индивидуален план за лекување во координација со вашиот ортопедот/хирург. За време на терапијата, физиотерапевтот ќе ви помогне правилно да ги изведувате вежбите, и доколку е потребно ќе спроведе едукација за користење на ортопедски помагала.

Во нашата клиника, им помагаме на пациентите со следниве состојби и повеќе:

  • Состојби на ‘рбетот (на пр. спондилоартритис, ишијас).
  • Состојби на зглобовите на рамото (на пр.,постоперативна редукција на коските, трауматска дислокација).
  • Состојби на зглобовите на лактот (на пр., тениски лакт).
  • Состојби на зглобот на раката (на пр., синдром на карпален тунел).
  • Состојби на зглобовите на колкот (на пр., физиотерапија по операција на замена на зглоб).
  • Состојби на зглобовите на коленото (на пр., истегнувања/дислокации на оштетување/руптура на лигаментите, пателата или менискусот на коленото, замена на колениот зглоб, после артроскопија).
  • Болка (главоболка/болка во вратот, болка во коленото/глуждот/лактот/рамото).

Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Блаже Арсов
Дипломиран физиотерапевт
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин