
- Настани
-
by Nertila
Многу луѓе страдаат од висок крвен притисок, без да се свесни за тоа. Како дел од активностите за подигање на свеста за опасностите од покачен крвен притисок-хипертензија, нашиот тим лекари и медицински сестри, минатиот викенд беше на терен во Скопје Сити Мол. Тие за два дена направија контролни мерења на над 200 граѓани. Исто така со нив споделија и совети за превенција и здрави животни навики.
Да не заборавиме:
- 🍎 Хранете се здраво
- 🏋️ Вежбајте редовно
- 🛌 Спијте доволно
- 🛑😟 Минимизирајте го стресот



