ОПШТА И АБДОМЕНАЛНА ХИРУРГИЈА
Хируршки третман на заболувања на органите во абдоменот и други состојби кои бараат оперативен пристап.
Преглед на одделот
Одделот за општа и абдоминална хирургија обезбедува хируршки третман на заболувања на органите во абдоменот и други состојби кои бараат оперативен пристап.
Абдоминалната хирургија, позната и како дигестивна хирургија, опфаќа широк спектар на операции на желудник, црева, црн дроб, жолчни патишта, панкреас и други абдоминални органи.
Се згрижуваат пациенти со планирани хируршки состојби, како и пациенти со итни состојби кои бараат брза интервенција.
Одделот обезбедува проценка, оперативен третман и постоперативна грижа, во соработка со други специјалности.
Дијагностика и третмани
Во одделот се применуваат основни и напредни методи за проценка на состојбата, поставување на точна дијагноза и планирање на хируршкиот третман. Секој пациент се проценува индивидуално, со цел да се избере најсоодветниот и најбезбедниот пристап.
Основен хируршки преглед кој вклучува детална анамнеза, проценка на симптомите и палпација на абдоменот. Со прегледот се проценува присуство на болка, напнатост, осетливост, оток, хернии или други промени што можат да укажуваат на состојба која бара хируршки третман.
Проценка на воспалителни параметри, крвна слика, функција на црн дроб, бубрези и панкреас, коагулација, електролити и присуство на инфекции. Овие анализи се важни за поставување на дијагнозата, подготовка за операција и следење на пациентот по интервенцијата.
Брза и достапна метода за проценка на жолчно ќесе, црн дроб, жолчни патишта, слезенка, бубрези и присуство на слободна течност или воспалителни промени. Често претставува прв чекор во дијагностиката кај акутна абдоминална болка.
Детална визуелизација на органите и абдоминалните структури, особено кај акутни состојби, тумори, воспаленија, крвавење, траума или компликации. CT се користи и за прецизно планирање на оперативниот зафат.
Дополнителна метода за прецизна проценка на меки ткива, црн дроб, панкреас, жолчни патишта и други органи. Особено е корисна кај сложени случаи, тумори и заболувања каде е потребна подетална анализа.
По потреба, во соработка со гастроентеролози и други специјалности, се применуваат гастроскопија, колоноскопија или дополнителни снимања за потврда на дијагнозата и избор на третман.
Детална проценка на општата состојба на пациентот, анестезиолошки преглед, оптимизација на хроничните заболувања и подготовка за безбедно изведување на хируршката интервенција.
Одделот изведува планирани и итни хируршки интервенции, вклучувајќи операции на жолчно ќесе, хернии, воспаление на слепо црево, заболувања на цревата, тумори и други состојби на абдоменот. Во зависност од состојбата, интервенциите може да се изведат со класичен или минимално инвазивен пристап.
По интервенцијата, пациентите се следат преку редовни клинички прегледи, лабораториски анализи и контрола на болка, со цел навремено откривање и превенција на компликации и побрзо закрепнување.
Технологија и опрема
Хируршките интервенции се изведуваат во современо опремени операциони сали, со поддршка од напредна дијагностичка и мониторинг опрема.
Современи операциони сали
опремени за изведување на различни типови хируршки интервенции, со највисоки стандарди за стерилност, безбедност и континуирано следење на пациентот.Лапароскопска хируршка опрема
современи системи за минимално инвазивни операции, кои овозможуваат помали резови, помала болка, пократок престој во болница и побрзо закрепнување.КТ и MRI дијагностика
напредни системи за детална визуелизација на органите и прецизно планирање на хируршкиот третман.Ултразвучни апарати
брза и точна проценка на абдоминалните органи и следење на состојбата пред и по интервенцијата.Лабораториска поддршка
брзи и точни анализи потребни за дијагностика, подготовка за операција и следење на пациентот во постоперативниот период.Мониторинг системи
континуирано следење на виталните параметри за време и по операцијата, со цел максимална безбедност на пациентот.
Специјалисти
Проф. д-р Никола Јанкуловски
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по абдоминална хирургија
Д-р Владимир Петков
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по дигестивна хирургија
Доц. д-р Андреј Николовски
Специјалист по општа хирургија
Cупспецијалист по абдоминална хирургија
Д-р Мане Хаџи-Манчев
Специјалист по општа хирургија
Прим. д-р Јован Мирчевски
Специјалист по општа хирургија
Супспецијалист по абдоминална хирургија
Патот на пациентот
Консултација
Преглед и проценка со медицинска документација или симптоми.
Дијагностика
Лабораториски анализи и дополнителни испитувања по потреба.
План за третман
Oдлука за понатамошен пристап, вклучително и хируршка интервенција кога е индицирана.
Интервенција
Планиран или итен хируршки третман.
Следење
Контроли и постоперативна грижа.